Телма во Будимпешта: Груевски ќе биде испрашуван во Будимпешта

Унгарија не кажува детали за случајот со поранешниот македонски премиер Груевски, и како тој успеал да влезе на унгарска територија, вели за Телма, новинарот Андреш Корша, од дневниот весник „Непшава“. Во разговорот со новинарот на Телма, Миомир Серафиновиќ, тој вели дека случајот е многу контроверзен поради тоа што на никој не му е јасно како Груевски без валиден пасош влегол во Унгарија. Тој се повикува на денешната изјава од шефот на кабинетот на Орбан, кој рекол дека Груевски поднел барање за азил во една од унгарските амбасади, надвор од Македонија, а не кажал во која.

  • Но, кажа дека Груевски поднел барање за азил надвор од Македонија, во унгарска амбасада, и дека постои легален пат да го внесат во Унгарија, но не го објасни кој е тој легален пат, односно кој унгарски закон и ја нуди оваа можност на Македонија. Така, се уште не знаеме како Груевски дошол во Унгарија, вели новинарот Корша.

Унгарската влада денеска ги отфрли шпекулациите дека му помогнала на поранешниот премиер Груевски да ја напушти Македонија. Шефот на кабинетот на премиерот Орбан, Гергели Гулјаш рече дека унгарските власти „немаат ништо со бегството на Груевски“, но додаде дека тој поднел барање за азил во една од амбасадите на Унгарија, и поради безбедносни причини, неговото испрашување ќе се случи во Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта, наместо во граничната транзитна зона, каде најголем дел од барателите на азил чекаат додека се евалуираат нивните барања.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ