
Станот на Калешкова пред одземање иако го исплатила пред 12 години
Апелациониот суд пресудил на жителка на Кисела Вода да и биде одземен станот иако таа го исплатила уште пред 12 години. Кога Александра Калешкова ја почнала правната битка за имотен лист, не ни мислела дека одблиску ќе ја запознае македонската правда. Се влечкала по судови повеќе од десет години, потрошила над 10 илјада евра за судски трошоци и на крај судот решил да и го одземе станот за кој платила 35 илјади евра.
Александра Калешкова ни ги покажа сите уплатници за станот во Кисела Вода. Истите биле презентирани и пред судот каде тужела две фирми за соптвеност на станот, но на крај Апелациониот утврдил дека тие уплати се во ред само за една тужена фирма. Уплатниците не важеле за другата тужена фирма и судот го одзема станот и го дава на тужената фирма.
Во 2005-та, таа уплаќа стан во фирмата Самарија. Се одолжила изградбата, па Самарија и нуди друг стан од скопска градежна фирма со која соработува и сите три странки во договорот потпишуваат. Александра се вселув, но не добива имотен лист. Ги тужи двете фирми и поднесува кривична пријава за измама. Граѓанската тужба се води повеќе од десет години. Имало дури 4 постапки.
Скопскиот граѓански суд во првостепена постапка секогаш пресудува во незјина корист. Двапати Апелациониот и ја потврдува пресудата, но со ревизија Врховниот суд двапати ја враќа целата постапка на почеток. На третото судење, Апелациониот во Скопје ја поништува првостепената пресуда во нејзина корсит. Почнува четврто судење кобно за неа. Граѓанскиот суд е на нејзина страна, но Апелациониот суд кој досега двапати ја потврдувал истата одлука сега ја поништува и пресудува против, односно апелационите судии одлучиле да и го одземат станот на Александра и да го доделат на фирмата од која го купила. Сега бара ревизија во Врховниот суд, а нејзините судски трошоци за сопствениот стан се огромни.
Скопското обвинителство ја прифатило нејзината кривична пријава и 8 години гонело за измама. На крај обвинителството се повлекло.
Александра со сопругот и ќерката првооделенка чека во страв да не им затропа извршител на врата и да побара да ги исели со пресуда на скопска апелација. Единствен спас гледаат во Врховниот суд.
Миомир Серафиновиќ