
Пожар го пеплоса домот на семејството Дафтовски од Ресен
Само за половина час, огнената стихија го остави без покрив над главата 4 членото семејство Дафтовски од Ресен. Во пожарот што избувна во нивната куќа во средата на пладне, целосно изгоре покривната конструкција, собите и покуќнината во нив. Уништетен е и долниот кат од куќата од водата при гаснењето на огнот. Ова сиромашно сeмејство живее од скромни приходи и нема можност да го обнови домот.
-Во лоша ситуација сме, ништо немаме, куќата е без покрив, нема апарати, нема каде да спиеме, се изгоре, уништени сме, бараме помош, Нуртен Дафтовска
-Сега кај комшиите спиеме, кај зетот, кај ќерката. Многу тешко, вели Севда Дафтовска
Покрај куќата на Дафтовскии, огнот зафатил делови од покривите на уште две соседни куќи на улицата „11 Септември’ во центарот на Ресен. Сепак кај нив штетата е помала, а соседите кои први го забележале пожарот, велат дека благодарение на брзата интервенција на пожарникарите било спречено огнот да се прошири.
– Отидов од другата страна да ги викнам комшиите да излезат надвор, видов голем пламен. Излегоаа сите надвор и кај нив имаше штета, половина покрив изгоре, рече Нусред Зекманов, сосед
-Од градот многу луѓе дојдоа на помош, сите чистевме, расчистено е сега се, ама не може никако да се живее во оваа куќа, рече Севдин Зекманов, сосед.
Се претпоставува дека пожарот избуванл од оџакот на куќата. Дафтовски бараат државата, општината, поединци и компании да им помогнат во овие тешки моменти.
Емилија Мисирлиевски
Податоци за донирање:
Банка на примач: ХАЛКБАНК
Примач: Сибел Дафтовска
Бр. на Сметка:
270-7000-395-058.18 за уплати од Македонија
mk07270700045648731 за уплати од странство