Дали Груевски избегал со бугарски пасош- дилеми на унгарските медиуми

ВИП постапка за Груевски од владата, под овој наслов унгарскиот весник Непшава (близок на овдешните социјал-демократи) пишува и ја критикува владата на Орбан поради начинот на кој го третира како што го нарекува „македонскиот Орбан“ кој бара политички азил поради закани во родната Македонија.

Непшава изразува и сомневања дека унгарската влада учествувала во организација и реализација на бегството на Груевски до Будимпешта.

Но најсериозната информација која ја објави овој унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

-Проверете со бугарските власти, бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на Непшава го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Останатите медиуми објавуваат што соопшти владата за барањето за азил на Груевски, некои го нарекуваат груб скандал поради посебниот третман на Груевски, други весници пак тврдат дека тоа е очекувана постапка за поранешен премиер од пријателска земја на Унгарија, кој тврди дека има сериозни закани и е дискриминиран во судска постапка во неговата татковина.

Од Будимпешта, Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ