Обвинетите Јанакиески и Божиновски во „Титаник“ планирале бегство, СЈО побара и доби притвор за нив

Полицијата не го најде, а самиот октри дека е во Унгарија. Неколку часа откако властите дознаа каде е бегалецот од правдата Никола Груевски, специјалното обвинителство побарало и добило потврда за притвор за уште двајца обвинетите во предметот „Титаник“. Поранешните владини функционери Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски на ист начин подготвувале бегство, рече обвинителката во предметот Лиле Стефанова. Не откри детали дали нивна цел била Будимпешта, Унгарија.

Судењето за „Титаник“ и изборните злоупотреби отпочна навреме. Судечкиот совет предводен од Осман Шабани ги доби двете решенија за 30 дена притвор за Божиновски и Јанакиески, но мораше да го одолжи рочиштето бидејќи немале време да испратат наредба за нивно спроведување. Одбраната веднаш реагираше дека обвинителството не навеле докази на што го темели тврдењето дека тие планирале бегство. Столчето на Груевски остана празно во салата. Адвоактите реагираа на предлогот на Стефанова на Груевски да му се суди во отсуство. Според нив сеуште не е констатирано дека тој е избеган, а на судот му предлагаат да ја одвои постапката.

Полицијата по Божиновоски и Јанакеивски дошла доцна наутро. Од 5 часот тие се во истражниот затвор Скопје, во Шутка. Во многубројните процеси тие се појавуле редовно, а ги почитувале и мерките за безбдност. Адвокатот Миланов вели дека барањето на СЈО за притвор е по претходни сознанија на тајната полиција.

Во „Титаник“ обвинета е и поранешната минситерка за внатрешни Гордана Јанкуловска, која за „Тенк“ заедно со Груевски доби 6 годишина затворска казна на која се жали до апелација. За неа и останатите обвинети СЈО не побара нови мерки, ниту притвор.

Наредното рочиште на 16 ноември се одложи на барање на обвинетиот Илија Димовски кој патува на настан како дел од Собранието. Судот си даде рок до 23 ноември да констатира дали Груевски е во бегство, дали ќе му суди во отсуство или ќе го прифати барањето на одбраната да ја одви за него постапакта.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ