
МВР бара екстрадиција за Груевски
МВР бара екстрадиција за Груевски. Испратен е допис до министерството за правда кое ќе ги извести унгарските власти за потребата од екстрадиција на Никола Груевски кој има правослина пресуда со две годишна казна затвор. Тој пак веќе преку статус на фејзбук објави дека бара политички азил од унгарските власти и ова беше потврдено и од македонското МВР вчера доцна попладне. Но тука се разгоруваат дебатите за тоа како обвинителството, судот и полицијата не успеаја да го спречат бегството на Груевски. Државниот обвинител Љубомир Јовевски вели дека сепак се покажало дека притворот е најефикасна мерка за обезбедување на оние кои се гонат за криминал.
Но ниту едно од овие можности не беа искористени во случајот Тенк во кој е осуден екс премиерот Никола Груевски. СЈО за него бараше притвор во случајот Титаник, но судот во истрага целосно отфрли, додека при поднесување на обвинението одреди мерки за претпазливост. Освен нему и на дел од останатите обвинети им беа одземени пасошите, и имаа обврска да се јават еднаш неделно во суд. Во синоќешното интервју на 1тв специјалната обвинителка истакна дека по пресудата не се барало притвор бидејќи тој ги почитувал мерките.
Одговорноста за бегствоото на Груевски вчера ја отфрлија и претседателот на судот Иван Џолев и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Но доцна вечерта притвор заработија Јанакиевски и Божиновски, а ако има сознанија и за останатите обвинети или осудени СЈО најави дека ќе бара постороги мерки. Утре во судот пак треба да продолжи случајот ТНТ на сјо каде се поизвесно е дека Груевски нема да се појави, додека од притвор треба да биде донесен екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Билјана Николовска