
МВР: Груевски е во Будимпешта и бара азил
Шест часа по објавата на Фејсбук, Министерството за внатрешни работи потврди дека Никола Груевски, осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ побегнал во Будимпешта. Во соопштението е наведена дека тој од унгарските власти бара азил и дека е побарано од судот да распише меѓународна потерница.
- По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, се вели во соопштението на МВР.