Жена прободена од нож од родина, починала на пат кон болница

Четириесет и едногодишна жена од Тетово синоќа починала на пат кон болница од повреда од нож во стомакот што и ја нанел нејзин роднина во Скопје.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22.50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која бил во роднински врски, откако претходна таа  го нападнала со стап.

Во 23.13 часот на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош. М.Ш. бил пренесен во Ургентниот центар и по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ