Прво реформи, па потоа поголема плата за администрацијата

Бројни реакции во јавноста предизвика намерата на владата од следната година за 5% да ги зголеми платите на вработените во администрацијата. Експертите сметаат дека поголемите плати во јавниот сектор нема да ја зголемат ефикасноста и продуктивноста ниту тоа ќе влијае на економскиот раст. Не може повисоки плати да се најавуваат во истовреме кога се воведува прогресивниот данок бидејќи тоа ќе значи прелевање средства од приватниот сектор кон неефикасна администрација, велат тие.

  • Мора прво да се зафатиме со работа за ефикасна администрација а потоа да се наградува трудот. Во администрација има луѓе што мн. работат но и такви што не работат. За жал реформите се тешки и долги но ова е избрзан чекор, кој доаѓа пред вистински реформи, смета проф. Никица Мојсовска Блажевска, од Американ Колеџ.

Зголемувањето на платите владата го правда со мотивирање на вработените да останат во јавниот секотр.

  • Луѓето треба да ги мотивираме, ја зголемивме минималната плата во приватниот сектор и на трудоиинтензивните дејности, сега на ред е јавниот сектор. Платите не им се атрактивни, не можеме да најдеме професионеален кадар, вели Дамјан Манчевски министер за информатичко општество.

Синдикатот на УПОЗ не е задоволен со најавеното зголемување бидјеки со 5 % раст, платите и понатаму ќе бидат под републичкиот просек

  • Ваквите покачувања со одложена примена кои во ниту еден случај нема да ја подобрат материјалната состојба на вработените нема да допринесат кон ништо друго туку кон зголемување на незадоволството на вработените, велат од Синдикат на УПОЗ.

Незадоволни се и од СОНК. Бараат платите да се зголемат за повеќе од 5 % и тоа од јануари а не од септември.

Според претставникот на ОБСЕ Џефри Голдстајн администрацијата мора подобро да ги користи луѓето кои работат во неа. Администрацијата има премногу но и премалку луѓе на вистинското место со вистинските вештини.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ