
Во телефонот на Трајко Вељановски се пронајдени четири пораки испратени до или од Никола Груевски
Во телефонот на Трајко Вељановски се пронајдени четири пораки испратени до или од Никола Груевски во периодот пред и на денот на крвавиот четврток. Првата е уште на 25 февруари 2017 кога Вељановски му укажува на Груевски дека треба да има митинг во сабота, немало да врне а и до тогаш ќе се наелектризирал Македонецот. Повратен одговор нема. Втората е на ден пред крвавиот четврток на 26 февруари 2017, во 10 часот и 58 минути. Но автор на пораката е всушност е Митко Чавков, оти Груевски само она што го добил како известување по СМС од Чавков го препратил кај Вељановски. Испратената порака гласи:
СМС порака од Никола Груевски до Трајко Вељановски:
Од Чавков- „Добро уро, да Ве известам добив информација од лојален колега Албанец, дека денес во 13 – 13.30 часот е планира нешто од другата страна да се направи, дали инцидент, дали на сила да се изгласа претседател на Собранието. Кога ќе имам повеќе информации ќе Ве известам“.
Груевски во средата пред крвавиот четврток не добил повратен одговор, но ден по тоа Вељановски на 27 април во 14.54 му испраќа порака. И таа е препратена а автор е вработената во кабинетот на Вељановски, Сања Угриновска. Целата порака е всушност известување на она што Заев го изјавил од говорница, најавил дека мнозинството ќе го избере Талат Џафери за претседател, ако треба и во ходник, и тоа пред посетата на Хојт Ји. Предвидувањата на Угриновска кои преку вељановски стигнале до Груевски немаат одговор. Но смс од груевски стигнува во 16 часот и 4 минути истиот ден. И овој пат испраќачот не е автор на пораката туку таа е препратена, овој пат Груевски со тоа и Вељановски се информирале од Панче Кралев, поранешниот министер за образование и член на кабинет на Груевски.
СМС порака од Никола Груевски до Трајко Вељановски:
Од Панче Кралев- Од ДУИ информација од човек кој дојде од состанок со Талат, денес попладне по 17 часот се спрема изборот на Талат за претседател по иницијатива на СДС.
Ова е само минимален дел од комуникацијата на Вељановски. Груевски не е обвинет за настаните од 27 ми, но вељановски комуницирал и со дел од обвинетите. Пред 27 ми дел од пораките отркиваат како биле организирани протестите. Во моментите кога е избран Џафери за претседател пак на 27 ми Вељановски бара од Илија Димовски десетина пратеници да му го чуваат кабинетот. На никола тодорво пак му испраќа порака да се собере народ. По настаните пак интензивно комуницира со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето Горан Ѓошевски Леви и двајцата обвинети. Пораките се за тоа што се гледа на снимките од безбедносните камери, кој се го има и што прави. Вељановски интервенира и кај Џеват Адеми, за преку министерот за внатрешни Нухиу да се среди работата за Ѓошевски оти како што вели ќе доживее нервен слом.
Билјана Николовска