
Бизнисот нема забелешки за Буџетот, но мака мачи за работници
Од бројките што ги слушнаа, немаа големи забелешки за предложениот буџет за идната година, некои дури веќе се помириле и со прогресивниот данок. Сепак, бизнисмените од Стопанската комора ја искористија приликата што целиот владин економски тим им дојде на едно место, за да им се пожалат за проблемите што ги мачат. Клучниот – им недостигаат работници во фабриките, образовниот систем во земјава не може да им ги испорача.
„Мора малку посериозно да се зафатиме со овој проблем, просечната старост на работрниците ни е 52 години“, вели Митко Кочовски од Макстил.
„Ние се обидовме со дуално образование, но проблем е со безбедноста и заштитата при работа“, вели Горан Антевски од Раде Кончар.
„Од рударскиот сектор неколкумина ќе плаќаме повисок данок, но треба да сме подготвени да го делиме и доброто и лошото“, вели Никоплајчо Николов од Бучим.
98 отсто од нашите млади се запишуваат на факултети, и потоа доаѓаат исфрустрирани со дипломите во фирмите и сакаат да бидат менаџери, вели премиерот Заев. Вицепремиерот Анѓушев најави дека сега пожарите ќе се гасат со брзи обуки и преквалификации, дуалното образование ќе даде резултати по 4 години.
„Мора да направиме јавно приватно партнерство со стопанството, фирмите да преземат обврска дека тие деца што кај нив ќе се школуваат, ќе бидат вработени“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Николајчо Николов од Бучим вели дека во неговиот рудник неколкумина ќе бидат повеќе оданочени со прогресивниот данок, но сакаат да го поделат и доброто и лошото со своите граѓани.
Капиталните инвестиции кои ќе тежат 418 милиони евра мора да се реализираат, но и да бидат рамномерно распоредени, бара бизнисот. Владата се правда, стравот од потпишување договори, проектнатга документација но и старите кадри во институциите ги закочиле процесите, но тие проблеми се веќе надминати.
„Продајте го земјоделското земјиште, соп него да работи приватниот сектор“, вели Дабевски.
Првиот човек на комората Азески побара од власта 2019 конечно да стане година на економијата, премиерот вети – по евроинтеграциите годинава, ќе се посвети на економијата, а вонредни избори во 2019 нема да има.
„Го поддржувам премиертот да дојдеме до раст над 4 отсто колку во регионот“, вели Азески.
„Нашиот став е да не се оди на избори и да и се даде шанса на економијата, избори во 4 до 6 месеци ќе ја умртват економијата“, вели премиерот Зоран Заев.
За министерот Тевдовски добар сигнал е што компаниите го прифаќаат буџетот.
Буџетолт за 2019 ќе тежи 3,7 милијарди евра и е најголем досега, во него се предвидени и зголемени плати за буџетарите, лекарите и просветните работници. Премиерот им вети на бизнисмените дека ќе ја реформира јавната администрацијуа, на оние што не се адекватни, вели, ќе им се заблагодариме, ќе има и поддршка за да ги преземе приватниот сектор.
Нина Нинеска-Фиданоска