
Остана празна келијата за Никола Груевски во Шутка – Спасовски не гледа одговорност
Остана празна келијата за Никола Груевски во затворот во Шутка по неуспешната полициска потера по екс премиерот. Но министерот за внатрешни не гледа одговорнсот кај себе и во сопствените редови туку во судот што доцна побарал приведување на правосилно осудениот пратеник.
Судот не може да определи по службена мерка притвор, туку по барање на надлежно обвинителство или доколку осудениот ги прекрши веќе определените мерки, а за Груевски немало ништо такво. Од СЈО не ги коментираат политичките изјави и велат со правосилната пресуда сега се е во рацете на судот.
Мистеријата каде исчезна и каде се крие Никола Груевски никој надлежен не ја разрешува. Не знам беше и одговорот на Сашо Мијалков, братучед и соработник на Груевски, која ја даде пред една телевизиска камера пред судот. И адвокатите на Груевски тврдат дека не знаат каде им е клиентот и ги одбивата новинарските прашања.
Ноќта ја одбележа и полициска акција во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот генерален секретар ја обвини полицијата дека прави опсада врз партијата и дека легитимира партиски членови. Опозицијата оцени дека продолжува прогонот и негира дека Груевски се крие во седиштето. Спасовски пак вели се проверувале сознанија.
Министерот тврди дека контроли имало и на гранични премини и на излезите од Скопје. Единствено што сподели од потрагата е дека полицајците од 6-та управа кои го обезбедуваат Груевски дале исказ.
Не одговори дали има сознанија дека Груевски е веќе надвор од Македонија. Пасошот на екс премиерот е во судот. Засега по Груевски има распишано национална потерница, а Спасовски вели дека меѓународна потерница треба да распише судот.
Миомир Серафиновиќ