
Полиција и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Припадници на полициските Алфи вечерва се распоредени во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги контролираат возилата кои излегуваат и влегуваат во подземната гаража што се наоѓа во непосредна близина.
Засега нема потврда дека станува збор за дел од активностите на МВР за пронаоѓање на поранешниот премиер Никола Груевски по кого е распишана потерница откако во предвидениот рок не се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Претходно, полицијата во два наврата се обиде да го пронајде во неговиот дом, но без успех.
Од МВР велат дека полицијата продолжува да постапува по потерницата распишана по Груевски и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.
Потерница од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.