
Блокади на штипските улици во знак на револт за прегазеното дете
Родители и средношколци попладнево протестираа и еден час го блокираа булеварот Гоце Делчев во Штип, откако пред три дена беше прегазен 15 годишен средношколец од училиштето Коле Нехтенин, кој на големиот училишен одмор со своите врсници го преминувал преминот, а 68 годишен возач не запирајќи го возилото го влечел неколку метри по булеварот.
Средношколците се потресени од несреќата, пред три дена, а нивниот другар со тешки повреди на главата и градите е во кома. Бараат возачите да ги корисат сопирачките на пешачкиот премин.
Директорот на училиштето забележува дека доставено е барање до општината уште пред речиси три месеци, за поставување на дополнителна сигнализација, бидејќи возачите немаат сопирачки ниту пред знакот дека има училиште, нити на пешачкиот премин.
Родителите се категорични дека доколку до петок не се постави лежечки полицаец пред училиштето и кај природно техничките факултети, а општината веднаш да почне со проектот за изградба на пешачки мост, во понеделник најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште. Инаку по блокирањето на булеварот, средношколците попладнево маршираа низ улиците, извукувајќи возете внимателно.
Викторија Димитрова Јованова