Каде се 6 полицајци кои го обезбедуваат екс премиерот?

Согласно Законот за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија и „Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување“, вкупно шест полициски службеници му следуваат за обезбедување на “Претседател на Влада на Република Македонија” на кого му престанала функцијата согласно закон.

Според законот полицајците кои го обезбедуваат поранешниот фукнционер не се 24 – часовно ангажирани за негово обезбедување, односно, според законот, работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста, а истите самиот поранешен функционер ги избира и повикува по потреба.

МВР веќе постапува по распишаната потерница по Груевски, кој не се јави по објавените информации дека треба да оди на издржување на 2-годишната затворска казна во случајот Тенк, ниту пак беше на домашна адреса да го прими решението за затворот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ