Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР, експремиерот се уште недостапен

Полициска екипа вечерва дојде во станот на поранешниот премиер Никола Груевски за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.32 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна.

Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, велат од МВР.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала.  Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата. Од полициски извори дознаваме дека барањето, во кое има и потерница за експремиерот, всушност значи пронаоѓање на Груевски и спроведување во истражниот затвор Скопје.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ