ВМРО-ДПМНЕ ќе се пребројува

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството и ќе распише оглас за членови и претседатели на партиските комисии. Ги отвора вратите за нови кадри. Повикот ќе трае до 15 декември додека ажурирањето ќе се врши три месеци, почнувајќи од 1 декември. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев ги отфрли наводите дека сите промени се прават заради неодамнешните случувања, разрешувањата и исклучувањата на  партиските функционери.

Преку предлози, проекти и решенија, ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се спротиставува на актуелните владини политики. Ќе нудат напредок во економијата, здраството и борбата против корупцијата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ