
Јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година
Јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година ќе се одржи денеска во Mинистерството за финансии, на која ќе бидат презентирани главните контури на буџетот пред истиот да влезе во владина процедура. По тридневна расправа, собранието вчера го усвои ребаланост на буџетот за оваа година, со кој, се предвидени на сметките на општините да легнат 50 милиони евра.
Освен финансиска поддршка за општините со него се обезбедуваат средства и за фондовите за пензиско и здравствено осигурување. Заклучно со септемрви оваа година општините пријавиле долг од 97,5 милиони евра што значи дека на нивните сметки ќе легнат 48,8 милиони евра буџетски средства.
Најголеми долгови имаат општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово. Начинот на кој ќе се трошат овие пари се уредува со законски измени, но токму тоа ги искара пратениците во Собранието.
Опозицијата тврди дека наместо за проекти, со парите се покрива незнаењето на градоначалниците и нивните кафеански сметки. Власта уверува дека парите нема да бидат злоупотребени и напротив, ќе се спречи расипништвото на градоначалниците.