Сите партии сложно го продолжија мандатот на ДИК, наместо да се избере професионален состав

Нема договор за професионализација на ДИК, туку за нејзина натамошна партизација. Сите парламентарни партии со едногласен став, шест месечниот мандат на актуелниот состав на ДИК да се продолжи за уште две години. Тоа значи дека и покрај најавите Претседателските избори наместо професионален состав ќе ги организира и спроведе овој состав на ДИК.

Измените на Изборниот Законик ќе се носат по скратена постапка . Членот 26 став 4 ќе гласи,, Мандатот на претседателот, потпретседателот и членовите н ДИК трае од денот на изборот од Собранието до изборот на нов состав, но не подолго од две години,,.Целта на измените била да се овозможи непречено функционирање на ДИК и да не се повторат проблеми во наредниот период.

Професионализацијата на ДИК останува само како декларативна заложба.

ДУИ не го крие задоволството од работата на ДИК.

Составот и работата на ДИК беше една од главните забелешки во Извештајот на Прибе во кој се бараше целосна професионализација на ова тело. Критики за време на изборните процеси имаше и од Обсе/Одихр кои на неколку наврати укажуваа да не се поистоветуваат државата и партијата, да се отргнат политичките влијанија доколку сакаме да има фер и демократски избори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ