
Усвоен амандманот со кој и се гарантира суверенитетот на Грција
Со десет гласа „за“ и два „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои и предлог-амандман на Уставот со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритете и политичката независност на соседните држави. Опозицијата за амандманот рече дека е непотребен со оглед дека во Уставот веќе го гарантира суверенитот и оти Македонија никогаш немала територијални претензии. Претениците од редовите на владеачката СДСМ им одговорија дека токму однесувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години го наметнала барањето од страна на Грција за запирање на политичката реторика на територијални претензии.
„Тоа не се однесува на реалната моќ, тука на политичката реторика која што изминативе години и преку симболика и преку реторика се реобновува и ревитализира. Картите на етничка Македонија, паролите ’Солун е наш’ и се она што алудира на територијална претензија“, рече Фросина Ременски, пратеник од СДС.
Паретниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска го повторија ставот дека уставните измени и целиот процес кој се води околу тоа во Собранеито е нелегитимен.
„Ние 120 пратеници немаме мандат ова да го тераме. Ова што го работиме овде е надвор од Закон, надвор од Устав“, изјави Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за надворешни работи во неколку наврати од опозицијата беше прашан дали и кога во Грција ќе има уставни измени за да се гарантира територијалниот интегритет на Македонија.
„Обврската за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност е взаемна. Меѓутоа факт е дека Договорот не предвидува обврска за Грција оваа одредба да ја вметне во нејзиниот Устав“, рече Никола Димитров, министер за надворешни работи.
На дневен ред на Комсијата за уставни прашања останат е последниот од четирите предложени амандамни кој се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.
Тамара Грнчароска