СЈО ќе ја проширува „Империја“ со нови осомничени и нови кривични дела, најави Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доцна по полноќ околу 1:30 часот стигна во судот и за медиумите рече дека е задоволна од одлуката на судот. Таа ги отфрли тврдењата на адвокатите кои сметаат дека истрагата Империја е водена надвор од надлежностите на СЈО.

Репортерот на Телма Павле Беловски (снимател Методи Здравев) известува дека специјалната обвинителка оценила како последната отворена истрага на СЈО  е работена врз основа на законските овластувања и надлежностите на обвинителството и најави наскоро и обвинение за случајот.

-Набргу ќе соопштиме дека истрагата за овој случај ќе биде проширена со нови лица , но и со нови кривични дела- изјави специјалната обвинителката Катица Јанева.

Адвокатите на осомничените откако беше дознаена одлуката за притвор не коментираа за медиумите.

5-мината оосомничени повеќе од 12 часа беа во судот на распит по барањето за определување на мерка притвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ