Судскиот доставувач не може да го најде Груевски

Судскиот доставувач вечерва не го пронашол на домашна адреса Никола Груевски за да му го врачи упатот за извршување затворска казна од две години.

Неговата сопруга Боркица, според неофицијални информации, во два наврати на судскиот доставувач му рекла дека Груевски не е дома.

Поранешниот премиер мора да се јави на отслужување на затворската казна откако судот го одби неговото барање за одлагање на извршувањето.

Во текот на ноќта имаше шпекулации дека Груевски ја примил одлуката и дека самиот се упатил кон затворот во Шутка, но информацијата не можеше да се потврди.

Од она што неофицијално го дознава Телма, во Затворот во Шутка вечерва биле повикани на работа сите раководители.

Во меѓувреме новинарските екипи се пред,затворот во очекување дека Груевски во текот на ноќта ќе се пријави на отслужување на затворската казна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ