Усвоен и вториот амандман на Уставот

Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на вториот нацрт амандман според кој во премабулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот. Составен дел од Преамбулата станува и Охридскиот рамковен договор.

Мнозинството членови на Комисијата за уставни прашања одлучи Рамковниот договор да биде дел од Преамбулата, а одлуките на АСНОМ да се заменат со прогласот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на содржината на амандманот со образложение дека со ова се бришат државотворните одлуки.

За социјалдемократите нема ништо спорно во додавањето на Рамковниот договор во Преамбулата затоа што тој веќе е содржан во 14 измени, а не е точно и дека се губи уставно-правниот континуитет на државата.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги повика пратениците да не се сомневаат во содржината на амандманите.

Комисијата за уставни прашања викендов ќе ги разгледува и останатите два амандмани. Пленарната седница е закажана за 1 декемви по што ќе се пристапи кон гласање за втората фаза за кое е неопходно апсолутно мнозинство, односно 61 глас.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ