Никола Саздовски – Саздо крвнички тепан на автобуската постројка

17 часот попладне, 29 јуни 2018-та. Автобуска постројка во Автокоманда. Обвинетите Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Лужа му пришле на сега починатиот Никола Саздовски- Саздо, му побарале лична карта, им дал, и откако се увериле дека е Саздо, го нападнале, објасни обвинителот Анел Фидовски на денешнотто прво рочиште во воведните зборови пред судот, фамилиите на обвинитите и оштетените, и јавноста.

Вели дека има докази за кривичното дело убиство на свиреп начин, опишувајќи како настрадал младиот Саздо.

„Сите тројца почнале да го удираат со тупаници во главата, изгубил рамнотежа паднал. Без милост со силни удари, клоци продолжиле да го удираат, по што изгубил свест од тешките повреди“,кажа обвинителот Анел Фидовски.

Фидовски го слушаа обвинетите Беља и Демири, додека Лужа е во бегство. Двајцата на судијката и рекоа дека разбираат што е напишано во обвинението, но не се согласуваат со кривичното дело убиство. Нивните адвокати бараат да им се суди за насилство, а не за убиство. Саздовски бил удиран, но повредата на мозокот ја здобил од падот, удирајќи во метално сандаче за струја на автобуската станица.

Што навистина се случило тоа попладне два часа за зад затворени врати раскажа првиот сведок – очевидец. Судот ја исклучи јавноста, бидејки е малолетник, и добивала закани на мобилниот телефон, но затоа пред судот ја раскажала точната верзија, тврди адвокатот на семејството Саздовски.

Судењето ќе продолжи на 20-ти ноември со нови сведоци на обвинителството.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ