На Груевски не му е одложено одењето во затвор

На поранешниот премиер Никола Груевски не му е одобрена жалбата за одложување на затворската казна од две години, на која е осуден за набавката на Мерцедесот од 600.000 евра за потребите на МВР. Кривичниот совет на Скопксиот Кривичен суд, соопшти дека се одбиени жалбите и на неговите адвокати и неговата, со која тие бараа да му биде одложено одењето во затвор, кое според упатниот акт требаше да се случи вчера на 8 ноември. Од Кривичниот суд во Скопје соопштуваат дека „решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при  Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од  одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството  означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување  санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите  во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции“, се вели во соопштението.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ