Силни реакции во јавноста по најавата дека се укинува додатокот за трето дете

Најавата за укинување на додатокот за трето дете во форма каква што постоеше изминативе 10 години, предизвика силни реакции во јавноста па дури и најави на социјалните мрежи за т.н оставање на децата во недела пред владата. Замената на месечниот надоместок од 8000 денари со еднократна помош од 60 000 денари, според владата нема да ги демотивира семејствата да го прошират своето семејство.

  • Нема родител кој раѓа за 8000 ден.Сега ќе добиваат повеќе пари со мин гарантиран доход ако се семејство во социјален ризик но ако имате 200 000 ден, зар вас мотивација за трето дете ви се 8000 ден, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Експертите се едногласни дека корисниците на паричната помош нема да бидат оштетени.Надоместокот и понатаму ќе го примаат 26 000 семејства кои веќе се стекнале со ова право како и тие што ќе зачнат во следните 10 месеци.

  • Ќе имаат пристап до неколку други видови помош, а збирот ќе е еднаков на помошта што ја добивале, вели професорката Маја Геровска.

Мерката трето дете во изминативе години не го зголеми наталитетот иако тоа беше нејзината главна цел кога се воведуваше во 2009 год..Социолозите се сомневаат дека прирастот дури и ќе продолжи да паѓа.

  • Нема ништо да поремети измената, освен што ќе ги разочара тие што планирале да имаат уште деца. Може и натаможен пад да има во наталитетот но ништо суштинско како што се новите мерки кои се еднократни , нема ништо суштински да значат, смета Илија Ацевски, професо по социологија.

Реформите во социјалната и детска заштита за кои денеска се одржа јавна расправа според драги Змијанац од детската амбасада меѓаши нема да ја намалат детската сиромаштија доколку секое ранливо семејство не биде под надзор од социјалните служби, не биде вработен баремн еден член од семејството и доколку не се зголеми опфатот на децата во градинките.Владата очекува со новата социјална реформа да се извлечат од сиромаштија работоспособните корисници на социјална помош а сиромаштијата да се намали за околу 0,4%.

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ