Светска банка во одбрана на прогресивниот данок

Најавениот прогресивен данок, за Светска банка, еден од главните финансиски поддржувачи на земјава, е добар чекор – ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста. Велат дека земјава досега одржувала ниски стапки и нудела даночни стимулирања за привлекување странски инвестиции, но тоа имало голема фискална цена. Светските банкари советуваат интервенции и кај други даноцои.

  • Рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи би можело да ги зголеми приходите и да ја подобри еднаквоста. Се препорачува и разгледување на ослободувањата кај данокот на добивка и кај данокот на додадена вредност, со зајакнување на ефикасноста на наплатата на даноците“, се вели во реакцијата на Светска банка.

Се даваат споредби како нашите приходи лани биле на ниво од само 31 отсто од БДП, додека просекот на ЕУ е 45 отсто, зад нас се само Албанија и Косово. И покрај ниските даноци и големите ослободувања кај странските инвестиции, сепак не претркале другите земји, а неформалниот сектор останал ист, 30 отсто од БДП.

  • Изворите на приходи што тешко се следат, посебно кај најбогатите даночни обврзници може да бараат дополнителни напори за да се ограничи евазијата и избегнувањето“, велат од Светска банка.

Дури и со зголемена прогресивност, Македонија и натаму ќе биде една од земјите со најнизок персоналец во Европа, велат од банката.

На домашен терен, пак, и натаму негодувања за даночната реформа. За владините планови од стартот на 2020 да се даночат и каматите на штедните влогови, со стапка од 15 отсто ако годишниот приход од камата надминува 15 илјади денари, се огласија и банкарите.

  • Ставот на МБА е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор“, велат од МБА.

Експертите велат дека проблем може да биде ако се чуваат пари во различни банки, уште нема софтвер кој ќе дава збирен податок.

  • Значи ние граѓаните ќе мора да ги собираме информациите и да поднесуваме до УЈП, и од таму да добиеме известување колку да платоиме данок на каматите од нашите штедни влогови“, вели Гацов.

Граѓаните па уште не знаат точно колкави штедни влогови ќе се даночат, имаат поделени мислења.

За пластично да се објасни кој се ќе биде оданочен, граѓанинот кој вкупно чува во банка 12.200 евра по стапка од 2 отсто, нема да плаќа данок, ако каматата му е понискал, 1 отсто, нема да биде оданочен за сума од 24.200 евра. Но ако чува во банка 30 илјади евра, годишно ќе плати за данок 450 денари.

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ