
Телма на граничниот премин „Маркова нога“ кој треба да се отвори до 2023 година
Ништо не е променето во граничниот појас кај Маркова нога на македонска страна, откако пред половина век Грција одлучи да го затвори овој премин во Преспа. Целата инфраструктура што тогаш постоела се распаѓа, патот во должина од половина километар кој некогаш бил дел од граничниот премин е обраснат со вегетација, зградата каде биле сместени погранините служби е руинирана. Но, за само неколку месеци, на грчката страна, на местото на ридот кој се испречуваше веднаш после рамата која ги дели двете држави, сега никнува нов пат.
-Токму oвде кај Маркова нога на граничната линија меѓу Македонија и Грција е најужната точка во државата. На грчкаta страна се одвиваат интензивни инфраструктурни зафати, на македонска стрaна засега нема никакви активности.
Владата објави дека отпочнува процедурата за отворање на граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, кој се очекува да профункционира до 2023 година. Дел од средствата за изградба на инфраструктурата ќе бидат обезбедени со директни донации од ЕУ.
Жителите на преспанските села очекуваат дека со отворање на граничниот премин Маркова нога ќе заживее локалната економија.
-Доаѓаат туристи во Преспа, доаѓаат до Љубојно, а за 1 километар ќе ја минат границата, а има и од таа страна пријатели кои сакаат да дојдат кај нас. Само едне километар ги дели двете држави, една е Македонија, една е Преспа мора да имаме контакт со тие луѓе, рече жител на село Подмочани.
-Добро е за Преспа, ќе има просперитет, ќе влијае добро на економијата, рече жител на Курбинов.
Овој граничен премин функционираше до 1967 година кога жителите од грчките и македонските погранични села границата ја минувале само со лична карта. Во изминатите десетина години во повеќе наврати се најавуваше отворање на границата, а сега во делот за економска сорботка во Договорот меѓу Македонија и Грција, е предвидено модернизирање на постоечките и отворање нови гранични премини за да се поттикне туристичката и тргoвската размена.
Емилија Мисирлиевски