Груевски бил дискриминиран на суд- оценка на Комисијата за заштита од дискриминација

Груевски се жалел за дискриминација пред комисијата за заштита од дискриминација. Според одлуката која е донесена во понеделникот утвредено е дека му било нарушено правото на правично судење од страна на судијката Добрила Кацарска. Инаку претседател на комисијата е Александар Даштевски, кадар на ВМРО – ДПМНЕ.

Оваа комисија во септември донесе идентична одлука за поранешната министерка Јанкуловска, по што од страна на Кривичниот суд беше доставена иницијатива за разрешување на Даштевски.

Инаку, тече рокот на Кривичниот совет да даде одговор на жалбата поднесена од одбраната на Груевски за одлагање на одењето в затвор. Рокот за одлука е три дена но, проценките се дека одговорот може да стигне и денеска. Предходно и судија за извршување на санкции го одби неговото барање за  одлагање. И поранешната министерка за внатрешни Јакуловска која како обвинета во истиот случај Тенк за набавка на луксузниот мерцедес, доби казна затвор од шест години поднесе жалба и бара намалување на казната.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ