Ново рочиште за „Титаник“

Со слушање на преостанатите „бомби“ денеска во Кривичниот суд во тек е судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

На минатото рочиште во судницата беа пуштени педесетината снимки. Како и на претходните „бомби“, најчесто се слушаше гласот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и тоа како договара авиони од Швајцарија и Италија за луѓе кои биле договорени да гласаат за нив на локалните избори во 2013 година.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ