
Судството на дното по доверба- во Скопје граѓаните најмногу чувствуваат небезбедност
Судството не го дава дното, едвај секој четврти граѓанин има доверба во судовите, а 68 проценти од анкетираните ги смета судиите за корумпирани, покажало истражувањето на Тинк Тенк Аналитика. Но довербата паднала кај сите институции, антикорупциската комисија и пазарната инспекција се на исто ниско ниво на доверба како и судството, го гребат дното. Во однос на лани значително помала доверба има здравството, образованието, медиумите, невладините, локалните власти, царината. Лошите резултати се добиени од истражување во септември, пред референдумот.
Полицијата добро стои со довербата, има 52 проценти, но граѓааните не се чувствуваат безбедни особено во Скопје. Потребна е промена, да се работи на полициската обука.
Повеќе од третина граѓани сметаат дека не се безбедни. Поразително е што за својата безбедност луѓето повеќе си веруваат сами на себе отколку на полицијата.
Единствена светла точка според истражувањето е оптимизмот на граѓаните, кои очекуваат поквалитетна полиција и успех на другите институции во борба со криминал и корупција.
Миомир Серафиновиќ