Груевски експресно ја обжалил одлуката за одбиената молба за одложување на затворот

Од кривичниот суд велат дека сеуште не ја добиле жалбата од Никола Груевски на одлуката на судија на претходна постапка за да се формира и да одлучува кривичен совет. Неофицијлано докуементите се испратени преку пошта. И патуваат кон судот. Судот не ја исклучува можноста кривичниот совет иако има три дена дена рок уште утре да донесе одлука. Доколку ја потврди онаа на судијата за извршување санкции, Груевски ќе мора да се јави во затворот Шутка во Скопје во четврток на 8 номеври како што стои во упатниот акт. Груевски одбива да ги коментира одлуките на судот, а на личниот фб профил сподели мисла од познтиот автор Иво Андриќ.

  • Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе“, гласи максимата на Иво Андриќ

Обвиентата Гордана Јанкуловска која во истиот случај за набавката на луксузниот мерцедес доби 6 години затворска казна ги одбегна медиумите, потврди дека денеска на истекот на рокот ја испратила жалбата до повискиот аплацискиот суд. Сега Апелацискиот суд може да ги комплетира списите од предметот ,а кривичниот суд да го препрати барањето на адовкатската петорка на Груевски за преиспитување на пресудата до врховниот суд. Додека Груевски и одбраната ги чекаат одлуките на повисоките судски инстанци, комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања презакажа за утре да разговара за единствета точка – одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Претседателот на собранието Талат Џафери откри дека Груевски побарал од него потврда дека е член на комисијата за уставни прашања, што се поклопува со молбата до судот за одложување на издржаувањето на затворот заради работни обврски во собрнаието.

Најдоцна во петок, Кривичен совет ќе треба да одлучи дали Груевски заминува во затворот Шутка или ќе му го прифати одложувањето на упатниот акт за 8 ноември. Собраниската комисија и да достави предлог до пратениците за одземање на мандатот потребни се 2/3. Пратеници од ваквото мнозинство кое се состави пред две недели, најавиај дека одново да гласаат за одземање на мандатот на Груевски.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ