Координација во собранието за телото за помирување

Денеска во Сообранието треба да се одржи координацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи со една точка на дневен ред – формирање „интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани.

Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ