Се поместува ли датумот за извршување на казната затвор за експремиерот Никола Груевски?

Задоцни 12 минути, судската полиција му ја отклучи вратата на новата судска зграда, а Судечкиот совет на процесот на СЈО отпочна да емитува аудио „бомби“ како докази против него и останатите обвинети. По, час и половина судиите колеги си ги разменија обвинетите. Експремиерот Никола Груевски, замина во стариот суд за да стаса навреме на процесот за насилствата во општина Центар, а Мунир Пепиќ еден кат подоле, каде е обивнет за „Крвавиот четврток“. Обидот на куририте да го пронајдат Груевски на домашна адреса во петокот денеска им успеа на судските службеници, кои уредно му ја врачија одлуката на судија на претходна постапка дека неговата молба за одложувања на издржувањето на две годишната казна се одбива, а рокот од три дена за жалба до Кривичен Совет му истекува в четврток.

Она што Груевски не сакаше да го коментира за јавноста го објасни судот.

Согласно одредбите од законот доколку се добие жалба на решение на судија за извршување санкции по кое треба да одлучи кривичниот совет извршувањето на казната се пролонгира додека не донесе одлука кривичниот совет.

Во упатниот акт е впишан 8 ноември, датумот кога треба Груевски да се јави во затворот во Шутка. Ако тој обжали на последниот ден во четврток, а жалбата ја испрати преку пошта, советот ќе ја разгледува од петок натаму, со што жалбената постапка од 8-ми преоѓа во 9-ти ноември, во зависност од советот дали ќе донесе позитивна или негативна одлука по жалбата. Груевски и предлогот за одземање на неговиот пратенички мандат за утрешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со единствена точка.

Адвокатската петорка на Груевски работи и на резервната варијанта за одлагање на казната пред Врховниот суд. Одбраната во вонредното барање за преиспитување на пресудата ги навело речиси сите главни забелешки што ги истакнуваше и до сега: автентичноста на бомбите, приватноста на обвинетите, за застареност на делото за вештаците.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ