Тетовските јаболка нема кој да ги купи

Јаболкопрозводителите од тетовско стравуваат дека производот поради проблемот со пласманот, зимава ќе им скапе. Изминативе години имало по некој откупувач од Косово, Русија и Бугарија, сега велат дека дневно продаваат едвај по неколку килограми јаболка на случајни минувачи, кои поминуваат покрај нивните овоштарници. На илјадниците тони квалитетна  јаболка складирана во подрумите и магацините, откупот е неизвесен.

Цената на јаболката во тетовско на мало се движи од 10 до 30 денари. Јаболкопроизводителите велат дека се подготвени да ја намалат цената, доколку има обезбедено откуп на големо.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделите, велат дека државата преку обезбедување пласман, но и самите овоштари преку здружување во задруги, можат да го спречат процесот на исчезнување на тетовското јаболко.

За разлика од лани годинава јаболката има добар род и квалитет, но наместо на нечија трпеза или во прехранбена индустрија, се уште стои во подрумските простории и магацините на овоштарите.

 

Зоран Димовски

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ