Протест за заштита на животните

Под мотото „Сонувам за хумано утре“ повеќе здруженија за заштита на животните денеска во Скопје  одржаа протестен марш, со барања да најде трајно решение за бездомните кучиња, со хуман третман. Здруженијата не ја прифаќаат постојаната „Залови-стерилизирај-врати“  – програма, за  која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост. Тие бараат стационарите за бездомни животни да бидат раководени од активисти за права на животните, со задржано финансирање од градот/општината.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ