
Од утре почнува вакцинација против грип
Вакцинацијата против сезонски грип започнува од утре во сите центри за јавно здравје низ државата. Годинава за прв пат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија со навршени 65 години. За останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, набавени се 13. 000 вакцини и таа ќе чини околу 650 денари. Станува збор за четири валентна најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
За дилемите околу новиот клинички центар, министерот Филипче појасни дека е формирана работна група која разгледува и дополнителни локации, покрај онаа во Злокуќани. Во врска со најавеното јавно приватно партнерство за детска кардио хирургија Филипче појасни дека сеуште нема договор и дека покрај со приватната болница “Филип втори”, ќе се преговара и со уште една приватна болница.
Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна основа, но е препорачана за хронично болни и возрасни пациенти.
Јордан Дуков