Владата воведе прогресивен данок на плата повисока од 90.000 денари

Владата се премисли. Воведува прогресивен данок но не на плата поголема од 60.000 денари туку на над 90 000 илјади денари. Тоа значи дека сите кои земаат поголема плата од 90.000 и ќе бидат опфатени со поголем данок на доход. Сепак со 10% како до сега ќе  се оданочуваат 90.000 денари, додека се што ќе ја надмине оваа граница со 18 % данок.

Владата примањата на граѓаните ги дели на доход од труд што значи платите од вработување, и доход од капитал што значи пари од кирии, игри на среќа и дивиденди. Поради нередовноста на овие примања за владата е поедноставно екстра приходите да останат со фиксен данок од 15 %.

Владата уште на старт го најавуваше прогресивниот данок, но со ова не се согласуваше бизнис заедницата и бараша одложување на пет години. Сега смета дека ваквиот начин на одданочување нема да има импликации врз бизнисите ниту пак врз странските инвеститори, ниту пак врз покачувањето на платите. За министерката за труд и социјала ова значи стабилизација на пензискиот систем и најави дека нема да има зголемување на старосните граници за пензионирање, ниту пак замрзнување на пензиите. Најави мерка со која граѓаните родени после 1 јануари 1967- та година ќе може да го напуштат вториот пензиски столб и да се регистрираат само во првиот. Според пресметките максималниот број на граѓани кои би се решиле на ова е 28.000.

За владата овие решенија се е праведни, бидејќи додатен данок ќе плаќаат само најбогатите. Како пример ја дадоа Албанија која ова го сторила уште во 2014 и бележи добри резултати рече Тевдовски.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ