Владата и осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ начелно се договориле за уставните амандмани

Владата и осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ начелно се договориле за уставните амандмани. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеница на ВМРО-ДПМНЕ, која пред малку заврши во Собранието.

По ова Владата амандманите ќе ги преточи во текст кој повторно ќе оди на проверка кај пратеиците, за конечно утре Владата уставните амандмани да ги достави до Собранието.

Заев не можеше да прецизира колку уставни аманднаи Владата ќе достави. Тој вели дека е важно тие да бидат во духот на Договорот од Преспа. Тој спомена дека може да бидат четири, пет или шест амандмани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ