Научна конференција за загадувањето во МАНУ

Според СЗО во извештајот објавен деновиве, само во 2016 година во светот 600.000 деца помали од 15 години починале од акутни инфекции на долниот респираторен тракт предизвикани од загаден воздух. Во истиот извештај, Тетово беше вбројан меѓу 10 најзагадени градови во Европа. Проблемот со загрозувањето на животната средина денес и утре ги собра во МАНУ на научна конференција експертите од различни области со цел да ги побараат решенијата за загадувањето во градовите. Претседателот на МАНУ, Таки Фити истакна дека Македонија има добра законска регулатива за заштита на животната средина, но таа не се спроведува како што е пропишана, а со тоа се остава на компаниите да го ставаат профитот пред животната средина и човечките животи.

Државниот секретар при министерството за животна средина, Ана Петровска вели дека и покрај посветеноста на државата и градовите преку долгорочни и краткорочни активности против аеро загадувањето, резултатите ќе бидат видливи за неколку години. Од 25 те препораки на СЗО пртотив аеро загадувањето објавени деновиве, таа вели дека дел веќе се спроведуваат кај нас, но дека проблемот е комплексен.

Од повеќето студии посветени на аерозагадувањето заклучокот е дека три фактори најмногу влијаат на загадувањето на воздухот во поголемите градови во Македонија: сообраќајот, домакинствата кои се греат на дрва и јаглен и индустријата.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ