Никола Мицевски на чело на пратеничкаа група на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ во Собранието има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ова беше решено на синоќешната седница на извршниот комитет на партијата. На состанокот била донесена и одлука нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип. Тој доаѓа на местото на Драган Данев, кој се повлече на свое барање по последните случувања во партијата. За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот деловник, ВМРО ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието Талат Џафери. По вчера одржаниот извршен комитет на партијата, на кој беа констаирани оставните на Кржалоски и Рангелова,  Трајко Славевски изјави дека тие досега на состаноците не ги изнеле своите несогласувања околу внатрепартиските ставови и затоа тој смета дека оставките ги дале под притисок

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ