Почина повредениот во престрелката во Куманово

Повредениот од огнено оружје во престрелката во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје.

Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол“ во населбата Диво Насеље, по претходна вербална расправија меѓу две семејства. Ви инцидентот имаше уште едно повредено лице со остар предмет, но тоа не беше во животна опасност.  Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

По наредба на  јавен обвинител обезбедени се траги од местото, пронајденото ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе даде потребни податоци и докази за натамошниот тек на кривичната постапка. Издадена е и наредба за вршење обдукција на починатото лице, соопшти Јавното обвинителство.

Деветмина учесници во оружената престрелка се лишени од слобода. Постои сомнение дека во кривично правниот настан учествувале уште неколку лица.  Во насока на утврдување на фактите во предметот, јавниот обвинител во континуитет презема дејствија. Од Јавното обвинителство наведуваат дека престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања  и  повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни повреди била веќе предмет на постапување на органите на прогонот.

– Синоќа околу 18:30 часот членови на едно од семејствата се движеле по улицата „Тоде Мендол“ во близина на маркетот „Арди“ во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од членови на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во инцидентот било употребено огнено и ладно оружје, а како последица на тоа едно лице се здобило со животно-загрозувачки повреди и починало, а на друго лице му била нанесена убодна рана од нож, соопшти Обвинителството.​

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ