
Организацијата на работодавачи бара нов закон за безбедност и заштита при работа
Според државниот инспекторат за труд во Македонија во просек се случуваат 150 тешки повреди при работа месечно, некои од нив и со смртни последици. Најголемиот број повреди при работа се случуваат во земјоделството. Овие бројки ја алармираа организацијата на работодавачи која бара големи измени во постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа, но и потреба од нов закон. Тие предлагаат поголема улога да им се даде на стручните лица во компаниите кои имаат положен испит за безбедност и здравје на работа, да се прецизира одговорноста на работодавачот и лицето задолжено за безбедност и здравје при работа, но одговорност да имаат и надворешните констултанти, како и да се зајакне улогата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа.
И од Националниот совет за здравје и безбедност при работа сметаат дека неопходна е промена на постоечкиот закон. Од превенттивните здравствени прегледи тие заклучиле дека голем број од болестите може да не се директна причина од работата, но се последица.
Постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007-ма година, како на надградба на законот за заштита при работа од поранешна Југославија и до денес има претрпено повеќе измени.
Јордан Дуков