
До петок ќе се одлучи дали Груевски ќе оди во затвор на 8 ноември
Барањето на Груевкси да не оди во Шутка на 8 ноември денеска пристигнало во Кривичниот суд и во рок од три дена барањето и во рок од три дена ке има одлука. Ако е незадоволен експремиерот има право на жалба пред кривичен совет составен од торјца судии кој исто така има рок за одлучување од три дена, со што во рок од 9 дена треба да има конечна одлука од Кривичниот суд .
Претседатлеот на Кривичен Иван Џолев не сакаше да ги открива причините на со кои Груевкси бара одлагање. За одговор не упати кај адвокатите. Неофицијално наведени се две причини. Едната се обврските на Груевски како пратеник, пред се поради уставните измени. Втората причина е за да напиште книга за докторатот кој го одбрани летоска.
Но Груевски резервна варијанта има и пред највиоскиот суд. Барањето за одлагање на 2 годишната казна кое одбраната го поднесе пред една недела се уште не стасало до Врховен суд затоа што Кривичен пред да го испрати чека да види дали ексминистерката Јанкуловска ке поднесе жалба за пресудата во Тенк. Претседателот на Кривичен Иван Џолев на брифинг со новинарите објасни дека постпаката за Јанкуловска беше раздвоена од онаа за Груевски и дека во двата предмети се користат исти докази. Ако Јанкуловска поднесе жалба до апелација таа ќе има приоритет и во нејизниот премет ке бидат оригиналните одкази а за Груевески барањето за вонредно преиспитување до Врховен ќе се прати заедно со копирани докази, објасни претседателот на скопска единица.
Претседателот на Кривичен анализирајки го членот 466 од ЗКП по кој одбраната бара одлагање и пред врховниот суд смета дека за одлагањето може да го дозволи или основиот или врховниот суд но не и двата суда. Како ќе постапи врховен зависи од него, вели Џолев.
Според податоците добиени од Врховен, по овој член највиоскиот суд судот последниве 5 години донел 18 решенија за одлагање, односно прекин на извршувањето на правосилна пресуда. На јавноста и е познат случајот со експрeмеиерот Бучковски кој доби одлагање од Врховниот суд.
Сеуште не е закажана ниту седница на комисијата за длеовнички и мандатнно имунитетни прашања но без разлика неодземањето на пратеничкиот мандат не го одложува издржувањето на казната.
Елена Ивановска Мукоска