
Пронајдени поголема количина дрога во Тетово
Над 46 килограми марихуана десетина литри непозната течност инструметни и материјали за производство на наркотици се пронајдени во две одделни простории сопственот на 54 годишен жител на Тетово. Претресот со судска наредба е реализиран вчера во периодот од 12 до 22 часот и триесет минути. Една од просториите била пренаменета во импровизирана лабораторија.
При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите на кат, пронајдено е над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видео документирани, подигнати и ќе се вештачат. Во вториот претрес, во малата куќарка, спакувани во полиетиленски вреќи, пронајдени се и подигнати за вештачење околу 45 килограми марихуана набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија, рече портпаролот на СВР Тетво Марјан Јосифоски.
За изминативе два месеци при претреси и полициски акции полицијата има откриени околу 200 дилери и уживатели на дрога на тетовско – госитварското подрачје. Загрижува податокот што меѓу престапниците има и малолетници.
Во вчерашната акција педесет и четиригодишниот тетовец лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.Во текот на денов со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Зоран Димовски