
Уставниот суд расправа за дуп И10 во Аеродром
Започна седницата на Уставниот суд на чиј дневен ред се претставките поднесени против ДУП И10 во општина Аеродром, со кој се овозможува градбата кај Мајчин дом.
Од општината велат дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.
Во соопштението стои дека – претходното раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај мајчин дом, а сега советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, бараат негова ревизија и мораториум.
Во однос на мораториумот за градење, општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку ќе предизвика финансиски штети. Бидејќи не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во општината, се наведува во соопштението од општина Аеродром.