По Рангелова и Затуроска си поднесе оставка

Лидија Затуроска си поднесе оставка на функцијата генерален секретар на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ. Веста ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, каде објаснува дека бидејќи е поставена од Даниела Рангелова и таа се повлекува од функцијата откако претпладнево оставка си поднесе и претседателката на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ.

„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина“, напиша Затуровска на ФБ.

Во писмената изјава Рангелова неведува дека  не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во изолација.

„И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам УЖ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ – напиша Рангелова на својот фејсбук профил.

Вчера и Драган Данев соопшти дека ќе се повлече од функцијата коориднатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ