
Даниела Рангелова поднесе оставка од УЖ на ВМРО – ДПМНЕ
Продолжуваат превирањата во ВМРО ДПМНЕ. Пратеничката од Даниела Рангелова поднесе оставка од фукцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и член на највисоките партиски тела Извршниот комитет и Централниот комитет. Оставката ја поднесува поради несогласување со актуелните политики на раководството. Во писмената изјава Рангелова неведува дека не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во изолација.
„И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам УЖ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ – напиша Рангелова на својот фејсбук профил.
Вчера и Драган Данев соопшти дека ќе се повлече од функцијата коориднатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.