
Заев: Нема потреба уште повеќе да се отвора Пандорината кутија
По изјавата на вице премиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој во вчерашната Топ Тема на Ваша Страна рече дека Охридскиот договор ќе стане дел од Преамбулата на Уставот како дел од конститутивните документи на државата, денеска со контра став премиерот Зоран Заев.
Заев рече дека тоа било затворено во 2001 година.
Премиерот Зоран Заев изрази негативен став на барањата од албанската опозиција за дополнителни уставни измени, посочувајќи дека во Македонија нема потреба уште повеќе да се отвора Пандорината кутија. Тој додаде дека не очекува блокирање на процесите во Собранието, особено не од ВМРО-ДПМНЕ.