Лидија Димчевска е избрана за претседател на Апелација

Лидија Димчевска е избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје, која досега беше веде претседател. За изборот за претседател на Апелација имаше 11 кандидати, меѓу нив судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за инцидентите од собранието на 27-ми април, но и му пресуди затворска казна на поранешниот премиер Груевски за случајот Тенк, потоа судијата Огнен Ставрев, кој го суди Монструм, како и актуелната в.д.претседателка Лидија Димевска.

Димчевска беше едногласно избрана.

Судскиот судскиот совет, од 22 кандидати ја избра судијката Лирија Елези Ајрулаху од Крвичен за судија во скопска апелација.

Седницата е во тек треба да избере и еден судија во Врховен. За судија на Врховен има 4-ца кандидати.

Апелациониот суд, кој одлучува за првостепените пресуди за предметите на СЈО, но и за сите кривични пресуди од скопскиот кривичен суд, се уште е со в.д. претседател од почетокот на годинава, кога претходната претседателка Лилјана Ивановска Шопова замина во пензија.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ